ПОНУДА ЗА 11-ТИ ОКТВОМВРИ! 40 % попуст - Посета на Метеори Грција добивате 2 ноќевања+ вклучен превоз за само 2500 ден.со T.A. OLYMPIC TRAVEL

-40%

T.A. OLYMPIC TRAVEL
0.00 
  2,500.00ден.
Кол:  

ОПИС НА ПОНУДАТА:

- 2 ноќи + вклучен превоз 

- сместување во хотел Феникс 

- превоз со високотуристички автобус 

- Туристички придружник во текот на целото патување 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕTO:

- 1 ден 11.10.2019 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ОЛИМПИК БИЧ

Состанок на групата 30 минути пред тргнување.

-08:00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Русија)

Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Во пладневните часови пристигање во Олимпик Бил. Сместување во хотел ФЕНИКС. Можност за факултативна посета на таверна со национална музика и богато мени. Ноќевање.

- 2 ден 12.10.2019 (САБОТА) МЕТЕОРИ – ОЛИМПИК БИЧ

 Поаѓање за Метеори. Патување преку Лариса и Калампака со кратки попатни паузи. Посета и разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите – наречени метеори. Недостапни и високи карпи ( во просек од околу 300 м) сместени во подножјето на планината Камбуниа.Се посетува најголемиот и најпознатиот манастир „Голем Метеор”, како и манастирот посветен на Св. Стефан (женски манастир).По разгледот, посета на една од продавниците на сувенири сместена во подножјето на метеорите. Потоа продолжуваме низ Кастраки до гратчето Каламбака. Посета на работилница за злато, изработка на икони и сувенири. Во попладневните часови враќање во Олимпик Бич. Попатна посета на црквата Св. Петка сместена во местото Темби каде се наоѓа и лековит извор сместен во карпа. Ноќевање.

- 3 ден 13.10.2019 (НЕДЕЛА) ОЛИМПИК БИЧ – СКОПЈЕ

Слободно време за прошетка во Олимпик Бич и Паралија. Заминување за Македонија во пладневните часови. Патување преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативна посета на таверна со национална музика

- Здравствено-патничко осигурување

– Влезници во манастирите во Метеори

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Организатор на аранжманот е Т.А. Олимпик Травел

- За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 пријавени патници

- За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот

- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата

За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Олимпик Травел

  

МЕТЕОРИТЕ некогаш биле манастирска заедница од 24 активни манастири. Денес останале само шест, од кои пет манастири се достапни за јавноста. Изградени се на огромни карпи, а повеќето од нив датираат од периодот помеѓу 14 и 16 век. Карпите се оформиле пред 60 милиони години, а нивната препознатлива и варијабилна форма, се вајала во текот на времето. Карпите се издигнати над градот Каламбака, а манастирите се изградени од свештеници кои претходно живееле во пештерите. Манастирите не биле лесно пристапни за посетители, но во поново време се изградени скали за полесен пристап на туристите. Секој од манастирите се наоѓа на листата заштитени културни наследства од УНЕСКО.

  

 

УСЛОВИ НА ПОНУДАТА:

- Потребна е претходна резервација на тел:078 236 174

- На располагање има ограничен број на купони

- Понудата е валидна за термин 11.10.2019 

- Купонот за услугата/производот се купува на сајтот на ekolektiva.mk.

- Доколку Ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не на маил contact@ekolektiva.mk или на тел.078 236 174.

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

ЗА КОМПАНИЈАТА:

OLYMPIK TRAVEL - СКОПЈЕ 

Локација на GoogleMap .